SportM
Други

Доделени наградите, ова се најуспешните македонски спортисти за 2025 година

Редакција30 јан 2026
Доделени наградите, ова се најуспешните македонски спортисти за 2025 година

Во организација на Министерството за спорт  и Сојузот на спортските федерации синоќа во Скопје на свечена церемонија се прогласени најдобрите во 71. Избор на „Спортисти на годината 2025“.

Добитниците на наградите по категории се:

Ален Рустемовски (бокс) – Спортист на годината. Тој освои 2. место, сребрен медал Европското првенство У23 во Ереван, Ерменија.

Катерина Попева (боди билдинг и фитнес) е Спортистка на 2025 година – Светски шампион 1 место, златен медал СП во фитнес и бодибилдинг , Санта Сусана, Шпанија.

Андреј Стојановски (пливање) – најуспешен спортист со инвалидитет за освоено 6. место на 400 м. мешано на Олимписки игри за глуви и наглуви лица Токио, Јапонија 2025.

Даниелa Алексовска (џиу џицу) – најуспешна Млада спортистка за освоено 1 место, златен медал на ЕП во мешани боречки вештини во Белград, Србија 3 место, бронзен медал на СП во мешани боречки вештини во Тбилиси, Грузија.

Адријан Рустемовски (бокс) – најуспешен Млад спортист за освоено 3. место, бронзен медал на ЕП во Ереван, Ерменија.

Најуспешен женски национален тим – Македонската ракометна сениорска репрезентавција – учество на квалификации за ЕП 2026.

Најуспешен машки национален тим – Македонската одбојкарска репрезентација – пласман на 9 место Европска златна лига и пласман на ЕП 2026.

Могамед Ибрагимов (борење) е најуспешен Тренер/селектор – 5 место СП во Загреб, Хрватска со Владимир Егоров 15 место СП во Загреб, Хрватска со Могомедгаџи Нуров.

Најуспешна национална спортска федерација е Џудо федерацијата на Македонија – Организација ЕП за кадети Скопје, јуни Организација Европски куп за јуниори Скопје, август Организација Европски куп за сениори Скопје, септември. 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.