Фудбал
Дојде на „Енфилд“ да го поддржи Ливерпул, а потоа почина откако му се слоши
Ливерпул синоќа се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, но реваншот на „Енфилд“ против Бенфика ја одбележа смртта на еден од навивачите на „црвените“.
На „Енфилд“ синоќа гледавме фантастичен натпревар на кој видовме шест гола и резултатот на крајот беше 3:3.
Ливерпул се пласираше бидејќи славеше со вкупен резултат 6:4, а во полуфиналето на најелитното клупско натпреварување во светот ќе игра против Виљареал.
Сепак, натпреварот во Ливерпул синоќа го одбележа тажна сцена на трибините бидејќи почина еден од навивачите на англискиот клуб.
Постар навивач дојде на „Енфилд“ да му даде поддршка на Ливерпул на натпреварот против Бенфика, но му се слоши на 20-тина минути пред почетокот на натпреварот. Навивачите кои беа околу него видоа дека нешто не е во ред и побараа помош која дојде многу брзо.
Припадниците на Брзата помош се обиделе да му помогнат на несреќниот навивач, но за жал немало спас. Од Ливерпул утрово потврдија дека навивачот за жал починал, а на неговото семејство му изразија сочувство.
It is with great regret that we can confirm that a supporter who was taken ill ahead of last night’s fixture against Benfica has sadly passed away.
The thoughts of everyone at the club are with the supporter’s family, loved ones and friends.
— Liverpool FC (@LFC) April 14, 2022