SportM
Фудбал

Дојде во Реал како тинејџер, се однесуваше како дете и падна на самото дно: „Мислев дека сум Бог…“

Д М16 сеп 2022
Дојде во Реал како тинејџер, се однесуваше како дете и падна на самото дно: „Мислев дека сум Бог…“

Реал Мадрид потроши огромна сума пари на звучни засилувања во последните 20 години, но некои од трансферите направени од кралскиот клуб беа неверојатни пропусти.

Реал Мадрид навистина знаеше да погреши кога станува збор за засилувањата, а таму се создаде прилично голема листа во претходните 20-тина години кога Флорентино Перез го презеде клубот и почна неволно да троши пари.

Перез ја започна приказната со Галактикос, што беше предизвик за секој иден претседател кој требаше да се справи со тоа. Сепак, Перез и останатите многу добро знаеја дека згрешиле при изборот на засилувањата.

Еден од големите неуспеси на Реал Мадрид е Ројстон Дренте, кој во кралскиот клуб пристигна како тинејџер, но никогаш не успеа да остави значаен белег на „Сантијаго Бернабеу“.

Дренте воодушеви многумина со своите игри во Феенорд и на изненадување на сите во летото 2007 година потпиша за Реал Мадрид, кој за овој играч тогаш плати 14 милиони евра, што беше огромна сума.

Тогаш речиси никој немаше слушнато за Дренте, но Реал Мадрид беше сигурен дека тој има голем потенцијал и талент кој наскоро ќе се исплати. Сепак, на крајот тоа не се случи кога станува збор за Дренте.

Играше за првиот тим на Реал и не остави посебен белег, а најмногу подоцна замина на позајмица. Неговиот договор истече во 2012 година и тогаш беше без клуб, па дури правеше паузи во кариерата и се посвети на музиката.

 

Но, Дренте неодамна му се врати на фудбалот и повторно игра во Шпанија. Минатата сезона настапуваше за нисколигашот Расинг Мурсија, а сега е член на Расинг Мерида со која потпиша едногодишен договор.

Во интервју за La Gazzetta dello Sport, Дренте се отвори и објасни што се случувало додека бил член на Реал Мадрид. Тој призна дека едноставно не бил доволно стар за да сфати каква можност му била дадена во животот.

“Не бев подготвен да бидам професионалец. Мислев дека сум Бог, но исто така сакав да се забавувам и да останам до доцна во ноќниот клуб. Едноставно не можете да ги комбинирате фудбалот и тој начин на живот”, започна Дренте на почетокот на разговор и продолжи.

“Имав 20 години кога дојдов во Реал Мадрид и бев само на почетокот. Тоа чувство на лудило и возбуда кога се случи трансферот не може да се опише. Се чувствував како да сонувам кога влегов во соблекувалната на Реал Мадрид, овие се спомени кои никогаш нема да ги заборавам и ќе бидат засекогаш во моето срце“.

„Постои животот на еден фудбалер и вашиот приватен живот. Можете да ги комбинирате до одреден момент, но за мене беше најтешко да разберам дека морав веднаш да го променам мојот живот. Сега разбирам дека згрешив и дека животот е премногу краток и мора да бидеш професионалец Раул е најдобар пример каков професионалец треба да бидеш“.

Дренте пред неколку години зборуваше за Реал Мадрид и тогаш призна дека никогаш не бил среќен во тој клуб.

“Тоа е најголемиот клуб во светот. Имав се, но не бев среќен. Никој не може да го избрише фактот дека играв за тој клуб и постигнав многу. Но, не бев среќен бидејќи бев млад и неискусен. Подоцна дојдов до тоа ниво. Едноставно не се снајдов во тој свет и направив грешки кои фудбалот не ги простува“, изјави Дренте.

Како што веќе напоменавме, Дренте летово потпиша за Расинг Мерида и ќе игра во долниот дел од шпанскиот фудбал.

 

ALFONSO DURAN

„Можам да се пензионирам, но премногу го сакам фудбалот за да го правам сега. Се забавувам и уживам на теренот и ќе играм се додека се чувствувам така. Овде е одлично и ме убедија да играм за уште една година“, вели овој 35-годишен Холанѓанец.

Дренте за Реал Мадрид одигра вкупно 65 натпревари и постигна четири гола со пет асистенции. Покрај тоа, тој играше и за Феенорд, Спарта Ротердам, Евертон, Рединг, Херкулес, Банијас, Шефилд Вендсдеј, Кајсери, Козакен Бојс, Мурсија и Спаетак Владикавказ.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.