SportM
Фудбал

Доколку се остварат пишувањата на Италијанците, на Барселона ќе и биде тешко да се опорави од овој удар

Д М14 сеп 2020
Доколку се остварат пишувањата на Италијанците, на Барселона ќе и биде тешко да се опорави од овој удар

Според италијанските медиуми, Реал Мадрид во моментов е најблизу до доведувањето на Лаутаро Мартинез.

Барселона повеќе од шест месеци се обидуваше да го донесе аргентинскиот репрезентативец, а сега „Спортмедиасет“ донесува информации дека Реал Мадрид наводно понудил 100 милиони евра за Мартинез.

Всушност, понудата е 60 милиони евра, а преостанатите 40 милиони евра Интер ќе ги остави во Реал врз основа на трансферот на Ашраф Хакими.

Засега, Зинедин Зидан го има само Карим Бензема на врвот на нападот, како централен напаѓач, додека Лука Јовиќ е слободен да бара нов клуб.

Лаутаро имаше две одлични сезони во Интер, а во Барселона се обидуваат на секој начин да го доведат како замена за Луис Суарез.

Ако за некое чудо, Мартинез заврши во Реал Мадрид, тоа би бил силен удар за сите навивачи на каталонскиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.