SportM
Фудбал

Долгото чекање е при крај, Азар на списокот за мечот во ЛШ

Д М25 окт 2020
Долгото чекање е при крај, Азар на списокот за мечот во ЛШ

Азар конечно ќе се врати во акција, тој може да има неколку минути во вторник против Борусија Менхенгладбах.

Повредата му припаѓа на минатото.

Еден Азар, кој сеуште нема одиграно натпревар оваа сезона, можеби ќе има шанса да дебитира во вторник против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите.

Еден, кој претрпе повеќе повреди откако беше префрлен од Челзи за 100 милиони евра летото 2019 година, тренираше нормално во неделата со остатокот од тимот.

Зинедин Зидан го вклучи во списокот за предизвикот во вторникот, каде Мадрид ќе бара само победа, по изненадувачкиот пораз на домашен терен од Шахтјор.

За овој натпревар, проблемите за Зидан ќе бидат десното крило на одбраната.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.