SportM
Кошарка

Дончиќ им купи на соиграчите 103 електрични велосипеди, потрошил околу 340.000 евра

Редакција17 дек 2025
Дончиќ им купи на соиграчите 103 електрични велосипеди, потрошил околу 340.000 евра

Лука Дончиќ уште еднаш реши да ја преземе улогата на Дедо Мраз и да покаже зошто важи за еден од најомилените кошаркари каде и да игра.

Словенечката суперѕвезда со години е позната по тоа што несебично ги дарува своите соиграчи, стручниот штаб, но и бројни членови на клупската организација кои не се во прв план. Божиќ е време на дарување, а Дончиќ таа традиција доследно ја почитува од година во година.

Ни оваа година не беше поинаку, но овојпат Лука отиде и чекор понатаму. Дончиќ подели дури 103 подароци, практично на сите што работат во организацијата на Лос Анџелес Лејкерс. А оние што помислија дека станува збор за симболични подароци, сериозно се излажаа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.