Connect with us

Кошарка

Дончиќ повторно на мета на критики откако беше „фатен“ во автомобил како јаде хамбургер (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс, како и сите НБА тимови, оваа недела ги започнаа подготовките за новата сезона, но во центарот на вниманието се најде Лука Дончиќ, кој беше „фатен“ како јаде хамбургер во автомобил, откако претходно помина низ строга диета.

Една од најкоментираните теми ова лето беше физичката трансформација на Лука Дончиќ, кој од самиот почеток на својата кариера во НБА често беше критикуван поради вишокот килограми.

По ова прашање се огласи и тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик, кој иако не го спомена словенечкиот ас директно, беше јасно дека неговите зборови се однесуваат на Дончиќ.

Тренерот на крајот од својата прва сезона им даде насоки на играчите дека за време на подготовките треба да достигнат „форма достојна за шампионат“, а тренинзите кои ги спроведуваше тимот јасно го следат тој правец.

Од друга страна, Дончиќ порача дека не станува збор само за физичка, туку и за ментална подготвеност.