SportM
Фудбал

Дортмунд донесе пет играчи за 62 милиони и ги продаде за 420 милиони евра

Д М5 авг 2020
Дортмунд донесе пет играчи за 62 милиони и ги продаде за 420 милиони евра

Англиските медиуми денес пишуваат дека Џејдон Санчо решил да ја напушти Борусија Дортмунд по три години, и дека ќе ја продолжи кариерата во дресот на Манчестер Јунајтед.

Санчо се појави во дресот на Манчестер Сити, но откако не доби шанса во првиот тим, тој реши да се пресели во Дортмунд летото 2017 година. Германскиот клуб тогаш му платил осум милиони фунти и се покажа дека е полн погодок.

Англиските медиуми денес објавија дека Санчо е на еден чекор од Јунајтед, и дека се очекува само официјална потврда за овој трансфер. „Црвените ѓаволи“ не штедеја пари за играчот на англиската репрезентација затоа што ќе го платат околу 100 милиони евра.

Трансферот на Санчо е уште еден показател за какви мајстори се наоѓаат во Дортмунд кога станува збор за заработка на пари од трансфери. За Санчо платиле само осум милиони фунти, а сега ќе заработи дури 100 милиони евра на него.

Но, ова не е првпат Дортмунд да направи ваков фантастичен потег. Имено, пред Санчо, тие го сторија истото со Дембеле, Обамејанг, Пулишиќ и Мхитарјан.

Тие ги доведоа овие играчи за вкупно 62 милиони евра и на крајот ги продадоа за 420 милиони евра. Ова значи дека Дортмунд профитирал 358 милиони евра само од нивните трансфери, што е навистина неверојатно.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.