SportM
Фудбал

Дортмунд мора да размислува за иднината – Цел 19-годишен напаѓач

Д М2 мај 2023
Дортмунд мора да размислува за иднината – Цел 19-годишен напаѓач

Раководството на Борусија Дортмунд е заинтересирано за младиот 19-годишен хрватски напаѓач Фрања Ивановиќ, пренесува „Индекс“ Тој одигра шест натпревари за хрватската репрезентација до 19 години и постигна три гола.

Германскиот тим има идеја да го доведе Ивановиќ во својот втор тим и веќе одржа состанок со играчот и неговите претставници.

Напаѓачот настапува за вториот тим на Аугсбург и оваа сезона на 31 одигран натпревар постигна 16 гола. „Ruhr Nachrichten“ пишува дека тренерот на Борусија II, Јан Цимерман и менаџерот на тимот Инго Преус разговарале со хрватскиот напаѓач минатата недела.

Сепак, во трка не е само Дортмунд, интерес има и од некои други европски екипи, но Борусија моментално е најблиску до договор. Договорот на Ивановиќ со Аугсбург истекува на крајот од актуелната сезона. Аугсбург II ги игра своите натпревари во Регионалната лига, четвртото натпреварување на германскиот фудбал.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.