Connect with us

Фудбал

Дортмунд се подготвува за живот без Халанд, најде замена

Ерлинг Халанд најверојатно ќе ја напушти Борусија ова лето.

Во тимот од Дортмунд се свесни дека ќе останат без својот најдобар фудбалер, но веќе имаат план околу замената.

Милонерите стапија во контакт со напаѓачот на Ајакс, Себастиен Халер, кој блеска оваа сезона. Само во Лигата на шампионите сезонава постигна 11 погодоци на осум меча, а покрај тоа постигна и 20 гола во холандскиот шампионат.

Моменталната вредност на напаѓачот, кој е и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, е 30 милиони евра и има договор со тимот од Амстердам до 2025 година.

Сепак, парите нема да бидат проблем за Дортмунд по продажбата на Халанд, туку проблем може да биде интересот на Манчестер Јунајтед за споменатиот напаѓач.

Она што е добро за Борусија во целата приказна е фактот дека следната сезона сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, додека Јунајтед е под знак прашалник и за својот настап на европската сцена.

Во Дортмунд очигледно се подготвени за нови кратења во тимот, а не е исклучено да има уште заминувања покрај тоа на Халанд.

Реклама

Facebook