Connect with us

Фудбал

„Доста ни е веќе да завршуваме зад Јувентус, сакаме да освоиме нешто“

Наполи оваа сезона сака да се обиде да ја прекине и доминацијата на Јувентус, а играчот Фаузи Гулам истакна дека наполитанците се уморни од завршување на второ место.

Во последните три од неговите четири сезони, Наполи заврши зад Јувентус, но Гулам сака тоа да се промени оваа сезона.

„Бевме многу критикувани, но на наш начин сме по обединети од кога било“, рече Гулам, продолжувајќи:

„Сите сакаат да победи Наполи и ние мора да бидеме горди што го претставуваме овој град. Навивачите треба само да имаат трпеливост“.

„Ова е одлична лига, со толку многу екипи кои се борат да победат. Толку многу шампиони се вратија во Серија А.“

„Ние сакаме да освоиме нешто, во последните неколку години секогаш сме на второто место и не сме задоволни од тоа. Исто така сакаме да играме добро во Лигата на шампионите“.