SportM
Фудбал

Доведен во прашање трансферот на Болт во Австралија

Д М23 окт 2018
Доведен во прашање трансферот на Болт во Австралија

Поранешниот најбрз човек на светот Јусеин Болт го заврши пробниот период во австралиски Централ Коуст Меринерс, но неизвесно е потпишувањето на договор со клубот поради несогласување со финансиските услови од двете страни.

Австралијците му нудат на Јамајчанецот плата од 150 илјади долари што е далеку помалку о дтрите милиони што ги бара Болт.

Тој веќе не тренира со тимот и најави дека така ќе биде се додека не се постигне договор, ако воопшто дојде до соработка меѓу двете страни.

Останува да се почека разврската која ќе покаже дали за поранешниот спринтер залудно се потрошени двата месеца во Австралија во обид да почне професионална фудбалска кариера.

Неодамна Болт доби понуда да игра за Валета од Малта.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.