SportM
Фудбал

Доволни беа две минути: Гвардиола со ризичен потег го надмудри Симеоне (ВИДЕО)

Д М5 апр 2022
Доволни беа две минути: Гвардиола со ризичен потег го надмудри Симеоне (ВИДЕО)

Манчестер Сити поведе против Атлетико Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во средината на вториот дел Пеп Гвардиола направи замена и на тој начин направи хаос во јорганџиската одбрана.

Во 68. минута излегоа Стерлинг, Гундоган и Махрез, а влегоа Хесус, Гралиш и Фоден. Граѓаните поведоа две минути потоа.

Се убаво одработи Фоден, кој го пронајде Де Брујн, а Белгиецот немаше проблем да го совлада Облак.

Интересно, во 60. минута Симеоне направи тројна замена, но тој потег не беше ни ни приближно ефикасен како оној на Гвардиола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.