SportM
Фудбал

Доживеа уште еден срам, а потоа ги шокираше играчите на Јунајтед со порака на групата „WhatsApp“

Д М9 ное 2021
Доживеа уште еден срам, а потоа ги шокираше играчите на Јунајтед со порака на групата „WhatsApp“

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед минатиот викенд беа поразени на домашен терен во градското дерби од Манчестер Сити со 2:0.

Сити без поголеми проблеми успеа да слави во „Театарот на соништата“ бидејќи „црвените ѓаволи“ одиграа уште еден многу лош натпревар. Во претходните два меча на домашен терен Јунајтед прими дури седум гола и нема постигнато ниту еден гол.

Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер повторно се најде на жестоки критики, а навивачите бараат негов отказ бидејќи сметаат дека Јунајтед игра многу лошо во последно време и дека мора да се направат некои промени.

Солскјер полека го губи авторитетот и во соблекувалната бидејќи англиските медиуми објавија дека по поразот од Сити, Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш отворено го критикувале Норвежанецот и неговиот начин на игра.

Најмногу негодуваат што тој целосно го игнорира Дони ван де Бик за кого многумина мислат дека заслужува да игра, а со Солскјер има навистина мизерна минутажа.

Сепак, Дејли Мејл пренесува дека Солскјер повторно ги шокирал своите фудбалери. Најголем дел од играчите отпатуваа на репрезентативните обврски, но оние кои останаа во Манчестер очекуваа да тренираат вчера.

Но, Солскјер ги информираше на групата WhatsApp дека нема да има тренинг, па дури и им даде седум дена одмор, што беше шокантно. Тој само накратко рече дека со семејството отпатувал во Норвешка, а до следниот понеделник нема да има тренинг.

Ова ги шокираше играчите на Јунајтед бидејќи на сите им е јасно во каква криза се наоѓа тимот и очекуваа Солскјер да ја искористи репрезентативната пауза за да најде решение, а тој отпатува за Норвешка.

Сепак, и покрај тоа, челниците на Манчестер Јунајтед се уште му веруваат на Солскјер и не сакаат да го отпуштат. Тоа најмногу се должи на фактот што Сер Алекс Фергусон одлучи да му даде поддршка и смета дека се уште не е време клубот да менува тренер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.