„Доживотен навивач сум на Барселона, но не би го одбил Реал“

Трансфер од Барселона во Реал Мадрид, и обратно, се смета за најголемо предавство кај навивачите на овие тимови.
Само мал број фудбалери направија премин од една екипа во друга, и претежно потоа беа поздравени како најголеми непријатели.
Младиот Карлес Алена ги помина сите категории на Барса. Тој е голем обожавател на овој клуб, но со оглед дека не доби вистинска шанса на „Камп Ноу“, реши да замине на позајмица во Бетис.
Иако ја сака Барселона во интервју за „Ел Ларгуеро“, тој истакна дека нема да одбие да се пресели во Реал Мадрид.
„Не би ја отфрлил можноста да играм за Реал Мадрид. Животот на еден фудбалер е полн со пресврти и се врти. Јас сум доживотен навивач на Барселона, но научен сум никогаш да не кажам никогаш“, рече Алена.
Тој зборуваше и за неговиот однос со тренерот на Барселона, Ернест Валверде.
„Никогаш не ми кажа зошто не играм. Сепак, имавме добри односи и никогаш нема да заборавам што направи Барселона за натпреварите. За мене е малку невообичаено да носам друг дрес во друга боја по толку години“, рече Алена.
22-годишниот играч има само шест настапи за Барселона оваа сезона и е на позајмица во Бетис до јули.



