Дракслер подготвен за трет скап трансфер во кариерата

Меѓу играчите кои треба да го напуштат ПСЖ ова лето е Дракслер.
Според „Фанц фудбал“, германскиот репрезентативец треба да се врати во Бундеслигата каде што претходно играше за Шалке 04 и Волфсбург.
За ангажманот на Дракслер, Баерн е сериозно заинтересиран и ќе мора да ја засили офанзивната линија по заминувањето на Рибери и Арјен Робен.
Претходните две трансфери на Дракслер беа исклучително скапи, а истото најверојатно ќе биде и овој со оглед дека има пазарна вредност од 35 милиони евра.
Во август 2015 година беше голема желба на Јувентус, но тој за 43 милиони од Шалке 04 се пресели во Волфсбург, 18 месеци подоцна, за трансфер вреден 36 милиони евра потпиша за ПСЖ.
Оваа сезона, запиша 42 настапи, а повеќето од мечевите ги започнаа од клупата. Постигна пет гола и 11 асистенции.



