Фудбал
Драма на „Енфилд“ Ливерпул во продолженија до победа, Баерн Минхен лесно до убедлива победа против Челзи (ВИДЕО)

Вечерашните дуели од Лигата на шампионите донесоа драма и спектакуларни голови. ПСЖ беше доминантен против Аталанта, Баерн без поголеми проблеми го совлада Челси, додека Ливерпул во последните секунди од мечот славеше против Атлетико.
На „Енфилд“ силите ги одмерија Ливерпул и Атлетико Мадрид, а „црвените“ влегоа фуриозно во натпреварот и веќе по шест минути на семафорот стоеше 2:0.
Домашните навивачи на нозе ги крена Мохамед Салах уште во четвртата минута по изведен слободен удар. Египќанецот шутираше, топката се одби од Ендру Робертсон и заврши зад грбот на Јан Облак.
За нови возбудувања не се чекаше долго – Салах по одличен соло-продор ја „измеша“ одбраната на „јорганџиите“ и ја смести топката во мрежата за 2:0.
Во третата минута од судиското надополнување Маркос Љоренте ја праќа топката зад грбот на Алисон и го враќа Атлетико во игра.
Истиот играч во 81. минута со својот втор погодок изедначува за Атлетико, но нивните надежи ги сруши Вирџил ван Дајк кој во втората минута од судиското надополнување погоди за конечни 3:2.
Во второто дерби на вечерта, одиграно на „Алијанц Арена“ во Минхен, Баерн без поголеми проблеми со 3:1 го совлада Челси.
За првото поголемо возбудување се чекаше до 20. минута кога Мајкл Олис проби по десната страна, нафрли на пет метри, а Требо Чалоба несмасно реагираше и си постигна автогол.
Нови проблеми за „сините“ дојдоа во 25. минута кога Мојсис Каиседо во шеснаесетникот го собори Хари Кејн, а судијата покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде токму Кејн и ја испрати топката зад грбот на Санчез.
Одличната фудбалска претстава ја продолжи Кол Палмер кој со погодокот во 29. минута му врати надеж на Челси.
Сепак, во 63. минута сите надежи на Челси ги сруши Хари Кејн со својот втор гол за 3:1, по голема грешка на одбраната на Челси.
Бранителот на титулата ПСЖ ја пречека Аталанта на домашен терен, и веќе по три минути поведоа. Стрелец беше Маркинјос.
Парижаните беа подобар противник, доминираа во сите аспекти од играта, а наградата за тоа дојде во 39. минута кога на 2:0 зголеми Хвича Кварацхелија.
Четири минути подоцна домашните пропуштија шанса да го решат прашањето за победникот, но од белата точка не беше прецизен Бредли Баркола.
Само шест минути од второто полувреме беа потребни за ПСЖ да стигне до нов погодок и 3:0. Стрелец беше Нуно Мендеш.
Точка на овој натпревар стави Гонсало Рамос во судиското надополнување, погодувајќи за 4:0, што се испостави и како конечен резултат.
Во последниот натпревар од вечерта Интер како гостин го совлада Ајакс, а двоен стрелец во триумфот на „Нераѕурите“ беше Маркус Турам.