SportM
Фудбал

Драма во Билбао, Беренгер ја „ограби“ победата на Валенсија!

Д М29 окт 2023
Драма во Билбао, Беренгер ја „ограби“ победата на Валенсија!

Фудбалерите на Атлетик Билбао ремизираа 2:2 на домашен терен со Валенсија во 11. коло од шпанската Примера.Гостите од Валенсија можеа да ги имаат трите бода да не беше драматичната завршница на мечот во кој Алекс Беренгер длабоко во судиското надополнување ги спаси „лавовите“ од пораз.

Избраниците на Рубен Бараја се покажаа во многу добро светло и се заканија преку Дур и Амалах во првото полувреме, но домаќинот прв стигна до голот во 32. минута кога Оскар де Маркос го совлада Мамардашвили по додавањето на Ник Вилијамс.

Во вториот дел видовме голем пресврт,  најпрвин Фран Перез погоди во 62. минута по асистенција на Дуро , а истата комбинација функционираше и шест минути подоцна кога погоди Уго Дуро.

Се чинеше дека Валенсија ќе го земе целиот плен, но потоа во седмата минута од судиското надополнување се појави Алекс Беренгер и ги постави конечните 2:2 по центаршутот на Вилијамс.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.