Connect with us

Тајмаут

Дрес со бројот 69, навива за Модриќ-Додека играше Реал Мадрид, сите на стадионот гледаа во неа (ФОТО)

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Баерн Минхен (2:1) во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, па на 1 јуни на Вембли ќе се борат за трофејот против Борусија Дортмунд. Важна улога во победата на славниот шпански клуб имаше и Лука Модриќ кој мечот го започна на клупата за резерви, но на крајот беше импресивен на теренот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.

Не е ни чудо кога ќе видите каква поддршка имаше. Една од најпознатите навивачки во светот на фудбалот беше во Мадрид за да ја бодри својата сонародничка! Хрватката Ивана Кнол, која на пошироката фудбалска јавност и стана позната на Светското првенство во Катар каде ја бодреше репрезентацијата на својата земја, во средата вечерта блесна во Мадрид.

Во краток дрес со презимето Нол и број 69 на грбот, длабоки чизми и тесни панталони, Ивана беше атракција на стадионот, а од местото објави фотографии со текст „Вамос Лукица“. Јасно е дека Кнол сака да привлече внимание со своите појавувања на спортски настани и со својот провокативен изглед, но не може да се негира дека често е присутна кога спортистите од Хрватска бележат некои големи успеси во кариерата. Овој пат успеа да ги спои и двете – Лука Модриќ стигна до финалето, а нејзината објава ја лајкнаа повеќе од 180.000 луѓе.

Advertisement