Дрим Тимот почна да се распаѓа: Поради ПСЖ ја расплака Барселона, сега реши да го смени клубот!

Францускиот клуб ПСЖ во текот на летото се избори за неговиот потпис, победувајќи ја Барселона.
Џорџини Вајналдум го напушти договорот со Ливерпул и беше на мета на Барселона и ПСЖ, на крајот реши да потпише за францускиот великан, а се чини дека веќе зажали.
Холандскиот репрезентативец трпи бројни критики во ПСЖ поради послабите игри, а клубот наводно ја разгледува можноста на негово место да го доведе Марсел Брозовиќ од Интер. Вајанлдум, пренесува „TeamTalk“, сфаќа дека направил погрешен чекор и ја разгледува можноста да ја напушти Франција во јануари.
Вајналдум претходно беше одличен во Ливерпул, но му беше преку глава од Енфилд и Англија и сакаше промени. Беше многу блиску до Барселона, но пресудно беше тоа што Маурисио Покетино го презеде ПСЖ, но и поголеми финансиски можности во преговорите со Французите.
Не е исклучено играчот да се врати во Англија, бидејќи има голем интерес од Њукасл, тим кој се бори за опстанок во Премиер лигата, но кој со новиот сопственик стана најбогатиот клуб во светот и ќе има можност да донесе големи ѕвезди.
Вајналдум веќе играше за Њукасл во сезоната 2015/16 и наводно веќе има некој контакт од англискиот клуб.
33-годишниот играч од средниот ред одигра 14 натпревари во Лига 1 и има гол и асистенција, додека во Лигата на шампионите забележа четири настапи и постигна два гола.



