SportM
Фудбал

Дури 13 играчи на трансфер листата на Реал Мадрид!

Д М10 јун 2019
Дури 13 играчи на трансфер листата на Реал Мадрид!

Пред Реал Мадрид има големи промени во летниот трансфер период, кога станува збор за играчи за следната сезона.

Претседателот на клубот, Флорентино Перез, објави пред неколку недели дека голем дел од играчите ќе го напуштат Реал Мадрид ова лето, бидејќи сакаат да направат комплетен ремонт на овој тим и да се вратат на врвот следната сезона.

Во Реал Мадрид се многу незадоволни од резултатите од последната сезона во која клубот не успеа да освои ништо. Тоа беше аларм дека Реал има потреба од промена по доминацијата во Европа.

Првиот чекор беше враќањето на Зинедин Зидан на клупата, а потоа Реал го потврди трансферот на Еден Азар, кој се очекува да ја преземе улогата на големата ѕвезда Кристијано Роналдо.

Сепак, јасно е дека на Реал му се потребни пари за да ги остварат сите желби за можни засилувања. Тоа е јасен знак дека клубот ќе има намера да продаде дел од играчите, а „Марка“ објави дека има дури 13 играчи на трансфер листата.

Очигледно, во Кралскиот клуб им кажаа на овие играчи дека не сметаат на нив за следната сезона и ќе направат се што можат за да ги продадат ова лето.

Според „Марка“ на трансфер пазарот се: Кејлор Навас, Хесус Валејо, Тео Ернандес, Серхио Регулион, Маркос Љоренте, Лукас Силва, Матео Ковачиќ, Дани Себаљос, Хамес Родригез, Маријано Дијаз, Борја Мајорал, Раул де Томас и Герет Бејл.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.