SportM
Фудбал

Два гола на Џеко за пресврт и големо славје против Аталанта

Д М13 ное 2022
Два гола на Џеко за пресврт и големо славје против Аталанта

Фудбалерите на Интер славеа во натпреварот од 15. коло на Серија А против Аталанта со 3:2.

Лукман погоди од пенал во 25. минута за водство на Аталанта, но Един Џеко израмни за гостите пред паузата.

Тој искористи асистенција од Мартинез во 36. минута за 1:1.

Во продолжение Интер беше поконкретен, а Џеко донесе пресврт за својот тим со вториот гол во 56. минута, по асистенција на Димарко.

Паломино пет минути подоцна си постигна автогол за значајни 3:1 на гостите.

Истиот играч ја врати надежта во својот тим во 77. минута, но тоа беше се што можеше да направи Аталанта.

Интер е четврти во поредокот со 30 бодови, исто толку колку и третопласираниот Милан, кој својот меч од 15. коло го игра од 18 часот против Фиорентина.

Аталанта е шеста со 27 бодови.

Ова беше осми последователен натпревар во кој Богиња не славеше против Интер. Четири години го чека скалпот на миланскиот великан.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.