SportM
Фудбал

Две звучни имиња во Манчестер Јунајтед до крајот на овој месец?

Д М8 јун 2019
Две звучни имиња во Манчестер Јунајтед до крајот на овој месец?

Манчестер Јунајтед ова лето сака да донесе звучни имиња за да му помогнат на овој клуб во обид да постигне подобри резултати следната сезона.

Солскјаер пристигна на „Олд Трафорд“ во декември, во обид да го извлече клубот од кризата, но Јунајтед на крајот заврши на шестото место и нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Поради оваа причина, „Црвените Ѓаволи“ сакаат да направат големи промени во тимот кој веќе отпушти 14 играчи.

Се очекува дека Јунајтед до крајот на месецов да потпишат најмалку две големи имиња, и во моментов прв на радарот на Солскјер е Де Лихт од Ајакс и Тоби Алдервеирелд од Тотенхем.

Играчот на Наполи, Калиду Кулибали заедно со Томас Муниер од ПСЖ се исто така радарот на Солскјер.

Јоано Феликс, Бруно Фернандес и Андре Рабиот, се трите играчи кои се опциите за средниот ред, Рабиот може да пристигнат на „Олд Трафорд“ како слободен играч, бидејки неговиот договор со ПСЖ ќе истече на крајот на јуни.

Извори блиски до Јунајтед велат дека се очекуваат најмалку две големи имиња да потпишат за Јунајтед пред да започнат подготовките на 1-ви јули.

„Ние сме прилично сигурни сме блиску до завршена работа. Разговорите се одвиваат добро и веќе почнаа пред крајот на минатата сезона.

„Може да има дури четири играчи кои ќе му се придружат на остатокот од тимот во претстојната турнеја низ Австралија и на Далечниот Исток“, рече изворот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.