SportM
Фудбал

Две имиња останаа во трката за Златната топка, скок на Салах, голем пад на Меси

Д М3 ное 2021
Две имиња останаа во трката за Златната топка, скок на Салах, голем пад на Меси

Се ближи 29 ноември кога ќе го дознаеме добитникот на престижниот лауреат „Златна топка“ за најдобар фудбалер во 2021 година.

Во конкуренција се неколку светски фудбалски имиња, а шпанска „Марка“ неодамна ги објави актуелните гласови предводени од Роберт Левадовски.

Новите пишувања во светските медиуми велат дека две имиња останале во потесна конкуренција и тоа Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо. „ЕСПН“ пишува и дека борбата ќе биде меѓу Левадовски и Роналдо.

Натписите, исто така, велат дека Мохамед Салах ги претекнал Карим Бензема и Лионел Меси, кои паднаа на списокот поради игрите во последните месеци во дресот на ПСЖ, и дека Роналдо значително скокнал и дека неговите шанси се зголемиле бидејќи го спасува Јунајтед во Лигата на шампионите каде ја продолжи голгетерската серија.

Па така според новите прогнози Левандовски и Роналдо се далеку пред другите, третопласиран е Салах, четврти Бензема, а петти Жоргињо, додека од ТОП 5 отпадна Лионел Меси.

Извесно е дека до 29 ноември ќе има многу нови поместувања и прогнози, а овогодинешното издание е едно од највозбудливите кога е Златната топка во прашање.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.