SportM
Други

Двете најдобри тенисерки во светот одат во финалето на УС Опен, Американките се предадоа во полуфиналето

SPORTM.mk11 сеп 2026
Двете најдобри тенисерки во светот одат во финалето на УС Опен, Американките се предадоа во полуфиналето

Во Њујорк, денеска се одредија двете финалистки на гренд слемот УС Опен, последниот голем турнир оваа година. Наспроти една со друга во финалето се двете најдобри тенисерки моментално во светот.

Број 1 во светот, Белорусинката Арина Сабаленка победи со 2-0 во полуфиналето (7-5, 6-2) против американската ривалка Џесика Пегула (број 3). Натпреварот беше доминиран од Сабаленка, која всушност од понеделник ќе биде број 2.

На врвот на светската ранг-листа ќе се искачи Казахстанката Елена Рибакина, другата финалистка на УС Опен. Таа со тешкотија ја победи со 2-1 (3-6, 6-4, 6-4) другата Американка Коко Гауф (број 4), во победа со пресврт.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.