Тајмаут
Двојникот на Модриќ, исто така е професионален фудбалер, ги остави навивачите на Бешикташ во неверување (ВИДЕО)
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најдобрите играчи во средината на теренот на сите времиња, кој најголем печат оставил во Реал Мадрид.
Но, она што не сте го знаеле е дека играчот од средниот ред има и свој „двојник“ кој неодоливо потсетува на најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња.
Се работи за капитенот на словачка Петржалка, Лукас Гаспаровиќ, кој е речиси идентичен со Лука Модриќ, што го препознаа и навивачите на турскиот великан Бешикташ.
Имено, за време на пријателски натпревар помеѓу двата тима, тие го поздравија со аплаузи и скандирање „Модриќ, Модриќ“.