SportM
Фудбал

Еден лекарски совет го промени животот на Агуеро: Ми го кажа тоа и јас мислев „аууу“

Д М3 мај 2020
Еден лекарски совет го промени животот на Агуеро: Ми го кажа тоа и јас мислев „аууу“

Серхио Агуеро го носи дресот на Манчестер Сити веќе девет години.

Аргентинецот стана апсолутна легенда на „Граѓаните“, тврдејќи дека тој останал на највисоко ниво затоа што се откажал од скара и стек, од  што брзо наклавал тежина.

„Мислам дека беше помеѓу 2013 и 2016 година. Не можев добро да се прилагодувам на мојата диета, чувствував вртоглавица на теренот и знаев дека морам да сменам нешто. Се запознав со италијански лекар и се предомислив кога разговарав со него. Тој ми рече да јадам само месо еднаш неделно и не бев задоволен од тоа. Пмислив: Аууу “, изјави Агуеро за „TyC Sport“ и продолжи:

„Ми паѓаше притисокот за време на натпреварите и се чувствував лошо. Сите рекоа дека тоа е од апчињата и лековите против воспаление. Секогаш ги земав и на крајот сето тоа беше поради тежината. Бев со прекумерна тежина, а во фудбалот и половина клилограм прави разлика. Во моментов имам 79,5 килограми, а порано имав 82,3“, истакна Аргентинецот.

Кун одига 368 пати за Сити и постигна 254 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.