Еден од главните оперативци на Баерн е отворен за статусот на Нагелсман

Извршниот директор на Баерн, Оливер Кан, почувствува потреба јавно да го истакне ставот на клупската управа кон Јулијан Нагелсман, кој се најде на удар на критики по низата лоши резултати.
Баерн имаше добар почеток на сезоната во Германија, но освои само три бода во последните четири натпревари. По три ремија викендов беше поразен од Аугсбург и веднаш се вклучи алармот.
Медиумите веќе бараат наследник за младиот и перспективен тренер Нагесламан, а како главен кандидат се споменува Томас Тухел. Но, каква е моменталната позиција на Баерн?
„Не сме во контакт со ниту еден друг тренер. Целосно му веруваме на Јулијан“, изјави Кан за Скај, ставајќи крај на гласините за отказот на поранешниот тренер на Лајпциг и Хофенхајм.
“Секако дека сме незадоволни и нерасположени. Мораме да се издигнеме над сите овие проблеми и против Баер Леверкузен очекувам да играме офанзивно. Можеби некој сака да ве убеди дека само ќе прошетаме до титулата во Бундеслигата. Ве уверувам дека тоа не е така“.
За разлика од Бундеслигата, Баерн игра подобро во Лигата на шампионите, откако забележа две победи во т.н. група на смрт. Прво славеше на гостувањето кај Интер, а потоа на Алијанц Арена ја победи Барселона.
И покрај привремената резултатска криза, сепак многумина се убедени дека Баерн лесно ќе стигне до новата шампионска титула во Германија, но во Лигата на шампионите ќе биде многу потешко со оглед на квалитетот на екипите од другите лиги.



