Connect with us

Фудбал

Едно име на списокот на ПСЖ за пресметката на „Етихад“ ги шокираше париските навивачи

Фудбалерите на ПСЖ утре ќе играат на гости кај Манчестер Сити во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.

Во првиот дуел на овие екипи, ПСЖ успеа да слави со 2:0 на крилата на Лионел Меси, а сигурно е дека утре на „Етихад“ не очекува одличен натпревар.

Ова ќе биде и директна пресметка за првото место во групата која моментално ја држи Сити со девет бода, додека ПСЖ има бод помалку.

Натпреварот на „Етихад“ се игра од 21 часот, а Маурицио Покетино утрово го објави списокот на играчи на кои ќе смета утре во Манчестер.

Навивачите на ПСЖ останаа шокирани кога конечно на списокот го видоа името на Серхио Рамос, кој летово дојде во францускиот клуб како големо засилување, но се уште го чека своето деби.

Рамос летово дојде во ПСЖ од Реал Мадрид како слободен играч, но се уште нема одиграно ниту една минута за овој клуб.

Искусниот дефанзивец имаше проблеми со повредите и физичката подготвеност, па дури се шпекулираше дека ПСЖ има намера да го раскине договорот со него во јануари.

Сепак, Рамос конечно се опорави и веќе неколку недели тренира со првиот тим и конечно успеа да се најде во составот за натпреварувачкиот натпревар. ПСЖ сега на „Етихад“ пристигнува во најсилниот состав, што многу ги израдува навивачите на овој клуб.

Реклама

Facebook

Реклама