Поврзи се со нас

Фудбал

Едно заминување од Реал изгледа сигурно

Во јануари следната година Реал Мадрид најверојатно ќе остане без Иско.

Имено, „Марка“ пренесува дека Иско е незадоволен од записникот и дека веќе имал разговор со тренерот Зидан.

Тој наводно има понуди од Англија и Италија, а тоа се неговите можни дестинации.

Иско освои дури шест трофеи со Реал, но не стана славен во последно време.

Камерите дури го снимија како озборува за Зидан пред „Ел Класико“, па јасно е дека Реал нема многу да се жали кога ќе си замине.

Во меѓувреме се појавија информации дека Јувентус и Евертон се заинтересирани за неговите услуги. Тој пристигна во Реал во 2013 година.

loading...

Facebook