SportM
Фудбал

Египет и официјално поднесе жалба, бараат суспензија на судијата!

Редакција8 јул 2026
Египет и официјално поднесе жалба, бараат суспензија на судијата!

Фудбалската федерација на Египет официјално поднесе жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА) поради судењето на осминафиналниот натпревар од Светското првенство, во кој Аргентина славеше со 3:2.

Според угледните медиуми „RMC Sport“ и „TyC Sports“, Египќаните сметаат дека биле сериозно оштетени и бараат итна истрага, како и строги санкции за судиската екипа. Главна цел на нивната жалба е францускиот судија Франсоа Летексије, за кого бараат суспензија до крајот на турнирот.

Во жалбата се наведуваат две клучни спорни ситуации – поништениот гол на Мустафа Зико во 58. минута поради наводен прекршок на почетокот на акцијата и недосудениот пенал врз Мохамед Салах пред третиот гол на Аргентина, кога, според Египет, ВАР воопшто не реагирал.

Натпреварот предизвика бурни реакции во фудбалската јавност. Додека Аргентина го слави пласманот во четвртфиналето, останува да се види дали ФИФА ќе ја разгледа жалбата и дали судиската екипа ќе сноси какви било последици.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.