SportM
Тајм аут

Експрес Алкараз продолжува во Австралија

Редакција15 јан 2025
Експрес Алкараз продолжува во Австралија

Карлос Алкараз лесно се пласираше во третото коло на Австралија опен откако го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 3:0, 6:0, 6:1, 6:4 за само 81 минута.

Светскиот рекет број три имаше целосна доминација во текот на целиот меч и не мораше да спаси ниту една брејк топка.

Во првите два сета Алкараз му даде вкупно еден гем на Нишиока. Загуби само 15 поени, има 26 винери и 6 неизнудени грешки.

Третиот дел беше најрамноправен. Единствениот брејк дојде во петтиот гем.

Во третото коло на Австралија опен Алкараз ќе се сретне со Португалецот Нуно Борхес кој победи со 3:0 сетови, 6:3, 6:2, 6:4 против 27.пласираниот Австралиец Џордан Томпсон.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.