По елиминацијата од Светското првенство, Винисиус го теши поранешната девојка (ФОТО)

По завршувањето на настапот на Светското првенство, бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор деновите на одмор ги поминува во друштво на поранешната девојка, што повторно ги поттикна гласините дека ја обновиле љубовната врска.
Според фотографиите на социјалните мрежи, ѕвездата на Реал Мадрид е видена на заеднички одмор со поранешната девојка Вирџинија Фонсека и нејзините деца.
Фотографиите и објавите од социјалните мрежи дополнително ги засилија шпекулациите дека парот повторно е заедно, иако ниту еден од нив сè уште јавно не ја потврдил обновата на врската.
Virginia, İtalya tatili sırasında Vinícius Jr.’ın üzerine oturduğu bir fotoğrafını paylaştı. pic.twitter.com/izGSnHuvZG
— Daily Magazin (@daily_magazin) July 13, 2026
Винисиус, по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, решил слободното време да го искористи за одмор, а се чини дека го поминува далеку од фудбалските терени и медиумското внимание.
Иако деталите за нивниот однос не се познати, заедничкиот одмор и блиските моменти што ги споделуваат привлекоа големо внимание во јавноста, особено меѓу навивачите на бразилскиот репрезентативец.
Инаку, Вирџинија Фонсека е една од најпознатите и највлијателни бразилски инфлуенсерки, Јутјуберки и претприемачки.
Таа се смета за вистински феномен на социјалните мрежи, каде што ја следат десетици милиони луѓе на платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб.
Има три деца со поранешниот сопруг Зе Фелипе.
Поврзани вести

Норвешка го елиминираше Бразил, а Ема стана позната бидејќи личи на Халанд (ВИДЕО)

Повторно ја предвидија иднината: Кој ќе игра во финалето на Светското првенство според „Семејството Симпсон“?

