„Ел Класико“ клучно за судбината на Лопетеги
Д М8 окт 2018

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, доби рок до крајот на октомври за да ја зајакне позицијата на тимот во Примера. На 28 октомври е „Ел Касико“, кога Реал оди во посета на Барселона во 10-тото коло од шампионатот.
Реал Мадрид моментално е четврти со 14 поени, а Севиља, Барселона и Атлетико Мадрид ги делат првите три позиции. Реал Мадрид забележа два порази и реми во последните три натпревари во Ла Лига.
„Марка“, „АС“ и „Ел Мундо Депортиво“, трите главни изданија на Шпанија, денес пишуваат дека Лопетеги нема да бидат отпуштен пред големото дерби со Барселона.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



