SportM
Фудбал

Ел Национал: Клоп се помири со заминувањето на Салах, му препорача и клуб

Д М27 окт 2021
Ел Национал: Клоп се помири со заминувањето на Салах, му препорача и клуб

Мохамед Салах е веројатно најдобриот играч во Европа во моментов, а тоа го докажа во неделата постигнувајќи дури три гола против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Севкупно, Салах има 10 гола и пет асистенции во Премиер лигата оваа сезона, а ефикасен е и во натпреварите од Лигата на шампионите. Приказната за Египќанецот моментално е актуелна бидејќи неговиот договор истекува во летото 2023 година, а се уште не е постигнат договор меѓу него и Ливерпул за продолжение.

Салах наводно има превисоки барања кога е во прашање неговата плата. Додека навивачите очекуваат клубот да исполни кое било од неговите барања и да го задржи, „Ел Национал“ ја пренесува приказната за тоа како менаџерот Јирген Клоп веќе се помирил со заминувањето на Салах.

Тоа би значело дека Ливерпул на крајот на сезоната ќе го продаде Салах, а прв фаворит за негово доведување е Реал Мадрид. Сепак, Клоп наводно го советувал да ја избере Барселона наместо Реал Мадрид доколку веќе реши да игра во Ла Лига.

Германскиот стручњак смета дека тој би бил главен играч во Барселона, додека во Реал Мадрид тешко дека би бил главно лице бидејќи се очекува кралевите да го купат и Килијан Мбапе.

Што се однесува до самиот Салах, тој упорно изјавува дека е среќен во Ливерпул и дека, ако го прашаат, не му пречи да остане таму до крајот на кариерата.

“Би бил среќен кога би можел да играм овде до последниот ден од мојата фудбалска кариера, но не можам многу да кажам за тоа. Не е се во мои раце. Се зависи од тоа што сака клубот, не само зависат од мене. Иако, не можам да се видам како играм против Ливерпул. Тажен сум. Тешко е, но ќе видиме што ќе се случи“, изјави Салах пред дербито со Манчестер Јунајтед во недела.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.