SportM
Фудбал

Ељиф Елмас во исчекување на нов клуб – Фенербахче не е дел од плановите

Ј П1 јан 2025
Ељиф Елмас во исчекување на нов клуб – Фенербахче не е дел од плановите

Фото: tv21m

Македонскиот фудбалер Ељиф Елмас, кој моментално е дел од германскиот РБ Лајпциг, би можел да ја промени средината во новата година поради ограничената минутажа во својот тим. Една од потенцијалните опции за негов трансфер, турскиот Фенербахче, веќе е исклучена.

Турските медиуми известуваат дека преку својот агент, Елмас го информирал раководството на клубот дека не е заинтересиран за враќање во Турција. Со оваа одлука, се стави крај на шпекулациите за негов кам-бек во тимот кој го предводи Жозе Мурињо.

Елмас беше дел од Фенербахче во периодот од 2017 до 2019 година, но сега се чини дека неговиот фокус е насочен кон италијанската Фиорентина. Овој клуб покажува сериозен интерес за да го врати „дијамантот“ во Серија А, каде што Елмас би можел повторно да блесне.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.