SportM
Фудбал

Елиот: „Ви благодарам на сите за пораките, на патот кон закрепнување – YNWA“

Д М12 сеп 2021
Елиот: „Ви благодарам на сите за пораките, на патот кон закрепнување – YNWA“

Младиот фудбалер на Ливерпул, Харви Елиот заработи тешка повреда на дуелот со Лидс.

Од клубот не потврдија, но од она што можеше да се види на теренот, се чини дека станува збор за скршеница на ногата.

Елиот се појави на Инстаграм од амбулантна кола додека патуваше во болница.

Навивачите на Лидс го придружуваа Елиот со аплауз додека лекарите го тргнаа од теренот.

„Ви благодарам на сите за пораките, на патот кон закрепнување – YNWA“, напиша Елиот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.