SportM
Фудбал

Елмас: Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи

Д М3 јун 2021
Елмас: Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи

Македонските фудбалски херои, утре ќе ги пречекаат репрезентативците на Казахстан.

Ова се последните подготовки за нашите репрезенативци пред Европското првенство.

Елиф Елмас, исто како целата фудбалска репрезентација, се надева на победа.

„И благодарама на публиката и поддршката која ни ја даде се надевам дека ќе биде исто и со Казахстан за да не испратат на најубав можен начин на Европското првенство.

Очекувам добар меч против квалитетна репрезентација која како што кажа и селекторот успеа да и земе бодови на Украина во квалификациите за Светско.

Ние како и на секој меч одиме на победа. Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи. Свесни сме за тежината на натпреварите кои не чекаат на Европско.

Досега завршиме добра работа и знаеме со какви противници играме. Поголемиот дел од репрезентацијата играме во силни лиги и навикнати сме на тешки натпревари“, изјави Елмас.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.