SportM
Фудбал

Емотивна пoрака од родното место на Меси, развеан огромен дрес во чест на неговото пензионирање (ВИДЕО)

Редакција6 окт 2026
Емотивна пoрака од родното место на Меси, развеан огромен дрес во чест на неговото пензионирање (ВИДЕО)

Лионел Меси вечерва најверојатно последен пат ќе го носи дресот на аргентинската репрезентација, на натпреварот против Бенин на „Монументал“ во Буенос Аирес.
Во неговиот роден Росарио навивачите му оддадоа почит со огромен дрес на кој пишува „Ти благодариме #10“, во знак на благодарност за сите незаборавни моменти.

Меси со Аргентина освои три големи трофеи – Копа Америка во 2021 и 2024 година и Светското првенство во 2022 година. Дуелот со Бенин ќе биде негов 208. репрезентативен натпревар, на кои досега постигна 125 голови и запиша 68 асистенции. Во знак на почит кон легендарниот капитен, во Аргентина е најавено целата земја да запре во 10. минута од натпреварот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.