SportM
Фудбал

Емотивната порака на Андриј Шевченко и каменот би заплакал

Д М23 фев 2022
Емотивната порака на Андриј Шевченко и каменот би заплакал

Главна вест во светот се случувањата на релација Русија – Украина.

Споменатите односи имаат влијание и врз спортот, а по последните случувања се огласи и легендарниот Андриј Шевченко.

“Украина е мојата татковина! Отсекогаш сум бил горд на Украина и моите Украинци. Поминавме низ тешки времиња, но во последните 30 години формиравме држава на искрени и вредни луѓе”, изјави емотивната Шевченко.

„Денес е тешко време за сите нас, но треба да се обединиме и уште еднаш да покажеме сила.“

Андриј Шевченко беше селектор на Украина по крајот од својата играчка кариера.

Во својата играчка кариера одигра вкупно 297 клупски натпревари и постигна 235 голови во дресот на Динамо Киев, Милан и Челзи.

За репрезентацијата на Украина собра 111 настапи и постигна 48 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.