Фудбал
Енрике за Меси и Марадона: И двајцата богови на фудбалот, но…
Селекторот на Шпанија Луис Енрике беше замолен да даде коментар за двајца од најпознатите фудбалери на Аргентина.
Лионел Меси како и обично беше клучниот човек во аргентинскиот тим во саботата. Неговиот гол најави победа над Австралија. Воедно, со тој гол Меси го собори рекордот на сонародникот Диего Марадона, како и на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо по бројот на голови на Светските првенства.
Селекторот на Шпанија за „ривалството“ меѓу Меси и Марадона вели:
„Не разбирам зошто луѓето се уште инсистираат на овие споредби. И двајцата се фудбалски богови, а Аргентина има среќа што има двајца такви играчи во својата историја. Марадона беше уникатен, тој речиси го водеше тимот до победа на Светското првенство во 1986 година, но оттогаш играта многу се промени. Денес е многу потешко да се направи нешто такво“, изјави Луис Енрике и додаде:
„За мене Меси е неприкосновен број еден во историјата.“
Репрезентацијата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство ќе се сретне со Холандија. Натпреварот е закажан за 9 декември.