Антони Марсијал пристигна, потпишува многу брзо и почнува да атакува на титулата! (ВИДЕО)

Францускиот напаѓач Антони Марсијал го напушти Манчестер.
Марсијал претходно побара од Манчестер Јунајтед да го пушти зимава бидејќи не е задоволен од минутажата и на крајот беше одлучено дека може да ја смени средината.
Тој се поврзуваше со Барселона, Њукасл и Јувентус, но Јунајтед ги повлече барањата бидејќи побара шест милиони евра за шестмесечен договор и да ја преземе платата на Французинот.
Сепак, на крајот се огласи Севиља, која ги прифати сите барања и на Манчестер Јунајтед и на играчите, па беше постигнат договор за позајмица до крајот на сезоната.
Марсијал оваа сезона настапи на само 11 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна еден гол.
Во Манчестер дојде во 2015 година од Монако, а договорот со „црвените ѓаволи“ го обврзува до летото 2024 година кога ќе наполни 28 години.
Марсијал денеска пристигна во Севиља, па многу брзо и официјално ќе стане позајмен играч на второпласираниот тим во шпанската Ла Лига.
Севиља моментално е најсериозниот конкурент на Реал во борбата за титулата. Андалузијците по 22 кола се само четири бода под Реал, а таа разлика можеше да биде и помала, но избраниците на Жулен Лопетеги минатиот викенд не успеаја да ја совладаат Селта Виго на домашен терен.
🚨🛬 MARTIAL YA ESTÁ EN SEVILLA
🔝 Llega CEDIDO de Manchester United.
📹 @GonzaloTortosa pic.twitter.com/wjfFiY3mg3
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 25, 2022



