Connect with us

Фудбал

Епилог од синоќешната борба: Нејмар чека суспензија од седум натпревари, Алваро 10!

Натпреварот одигран синоќа помеѓу ПСЖ и Марсеј беше неверојатен и заврши со голема борба на фудбалерите на теренот.

Судијата подели пет црвени картони, а францускиот „РМЦ“ ги објави и казните што играчите треба да ги добијат за сè што се случи.

Нејмар треба да добие казна од седум натпревари затоа што го удри фудбалерот на Марсеј, Алваро Гомез.

Од друга страна, Алваро Гомез, кого Нејмар го обвини дека го навредувал од расна основа, би можел да добие казна од десет натпревари доколку се покаже дека се што рече Нејмар е вистина.

Конечната одлука на здружението треба да биде донесена за два дена, односно во среда и останува да видиме какви казни ќе добијат фудбалерите.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com