Ерик тен Хаг пречкрта шестмина

Фото: MANCHESTER, ENGLAND – MARCH 19: Harry Maguire of Manchester United looks on during the Emirates FA Cup Quarter Final between Manchester United and Fulham at Old Trafford on March 19, 2023 in Manchester, England. (Photo by Michael Regan/Getty Images)
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг реши да се откаже од шест играчи на крајот од сезоната – Хари Мегваер, Ентони Марсијал, Џејдон Санчо, Дин Хендерсон, Брендон Вилијамс и Алекс Телес.
Јунајтед пред два дена беше поразен од Њукасл со 2:0 и падна на петтото место на табелата во Премиер лигата, па трофејниот клуб го загрози пласманот во Лигата на шампионите.
Тен Хаг планира големи промени во играчкиот кадар на крајот од сезоната, а веќе направи трансфер листа со шест играчи.
Мегваер пред четири години пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер за цели 87 милиони евра, а моментално е надвор од форма, поради што е на втор план во Тен Хаг, иако е капитен на „црвените ѓаволи“. “.
Марсијал оваа сезона во Премиер лигата одигра само 490 минути, додека Санчо го загуби местото во стартниот состав иако пред две години беше платен дури 85 милиони евра.
На списокот се и голманот Хендерсон, како и дефанзивците Вилијамс и Телес. Манчестер Јунајтед за овие шест фудбалери плати околу 250 милиони евра обештетување.



