„Ериксен не треба да заминува“
Д М1 дек 2020

Поранешниот играч за врска на Холандија, Кларанс Сидорф проговори за Кристијан Ериксен.
Тој смета дека Данецот не треба да го напушта тимот на Интер, туку да игра за неговите шанси во тимот.
„Ериксен е еден од најдобрите играчи во последните години. Имаше подеми и падови, но многу скоро тој повторно ќе биде играчот што сите го знаеме. Да бев јас тој немаше да го напушти Интер, порано или подоцна ќе игра како што знае да прави.
„Адаптацијата во нова земја и нов клуб не е лесна. Имаме многу примери на играчи кои ја поседуваат Златната топка, но кога тие ги сменија тимовите веќе не беа во можност да играат на нивното најдобро ниво. На Ериксен му треба време да се прилагоди на најдоброто“, заклучува Сидорф.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



