SportM
Фудбал

Ериксен остана без место за престој, хотелот во Милано во кој престојуваше е затворен поради коронавирус

Д М15 мар 2020
Ериксен остана без место за престој, хотелот во Милано во кој престојуваше е затворен поради коронавирус

Данскиот репрезентативец остана без кров над главата.

Напаѓачот на Интер, Кристијан Ериксен беше протеран од хотелот во кој живееше по трансферот од Тотенхем.

Според „Sport.es“, хотелот во Милано бил принуден да се затвори поради пандемијата на коронавирус, а Ериксен останал без место за престој.

Интер итно бараше апартман за Данецот каде ќе ги помине следните две недели во изолација.

Оваа сезона, Ериксен одигра четири натпревари за Интер во Серија А.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.