SportM
Фудбал

Ериксен пуштен од болница, еве каква е неговата состојба!

Редакција8 јун 2026
Ериксен пуштен од болница, еве каква е неговата состојба!

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е пуштен од болница на домашно лекување откако поминал детални кардиолошки испитувања по колапсот на пријателскиот натпревар против Украина, соопшти Данската фудбалска асоцијација.
Медицинскиот тим на болницата во Оденсе, во координација со лекарот на данската репрезентација, Мортен Боесен, потврди дека состојбата на Ериксен е целосно стабилна и дека неговото срце претрпело инцидент без трајни последици, најмногу благодарение на тоа што вградениот дефибрилатор (ICD) реагирал во дел од секундата.
Натпреварот меѓу Данска и Украина, одигран во неделата во Оденсе, беше прекинат во 65-тата минута откако Ериксен ја загубил свеста на теренот, а потоа и официјално беше откажан откако играчот, за среќа во свесна состојба, бил пренесен во болница.
Иако Ериксен се чувствува добро, данските спортски аналитичари и медицински експерти во тамошните медиуми сè погласно го отвораат прашањето за можниот крај на неговата професионална играчка кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.