SportM
Фудбал

Ескалации во Манчестер Јунајтед: Играчите сакаат да си одат, Рангник фрустриран

Д М6 јан 2022
Ескалации во Манчестер Јунајтед: Играчите сакаат да си одат, Рангник фрустриран

Се чини дека климата во Манчестер Јунајтед не е баш најдобра.

Британски „Мирор“ пренесува дека многу играчи се незадоволни од моменталниот статус во Јунајтед, но да биде работата уште полоша, некои се пожалија и на тренерските методи на Ралф Рангник.

Првиот што го крена сидрото во јануари е Џеси Лингард, кој реши да си замине од Јунајтед, и заминува во редовите на Вест Хем, кој би можел да потпише со Лингард на подолг период, бидејќи споменатиот играч блескаше во редовите на Чеканите додека беше позајмен од Јунајтед.

Покрај Лингард, од целата атмосфера во клубот незадоволни се и Телес, Ван де Бик, Рашфорд и Диало.

Изгледа Рагник не ја наредил убаво соблекувалната, а играчите наводно се изнервирани што Кристијано Роналдо ја доби капитенската лента против Вулверхемптон како заменик на Магуер наместо некои од играчите кои се таму подолго време. Тој натпревар Манчестер Јунајтед загуби со 0:1, што е уште еден удар за целата ситуација.

Споменатиот медиум на Островот пишува и дека Рангник е фрустриран од целата ситуација и климата која владее, па се поставува прашањето кои се следните чекори на Олд Трафорд? Германскиот стручњак требаше да го размрда тимот откако Оле Гунар Солскјер доби отказ, но се чини дека „црвените ѓаволи“ се уште тапкаат во место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.