ЕСПН: Борусија ја одреди цената по која Халанд може да оди на лето

Американскиот ЕСПН објави дека Борусија Дортмунд е подготвена да го продаде Ерлинг Халанд (20) на лето.
Норвешкиот репрезентативец и машина за голови воодушеви многу големи клубови, а пред се Реал Мадрид и Барселона, кои ќе се борат за неговиот потпис во наредниот период.
Овој 20-годишен голгетер оваа сезона постигна 33 погодоци на 31 натпревар во сите натпреварувања, од кои 21 во Бундеслигата и 10 во Лигата на шампионите. По пристигнувањето од Салцбург, тој постојано дава гол во дресот на Борусија.
Борусија тешко може да ги задржи своите најдобри играчи, особено оние кои се мета на најголемите европски клубови.
Но, кој сака да го донесе на крајот од сезоната, треба да плати 180 милиони евра, објави ЕСПН.
Освен Реал и Барселона, ситуацијата внимателно ја следат Манчестер Сити, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, па дури и Баерн, иако во денешно време нема да биде лесно некој да плати 180 милиони евра за играч, дури и ако тој е моментално најмногу ветувачки играч во светот заедно со Килијан Мбапе.



