Ете колку го сакаа, само што замина од репрезентацијата, му ја земаа „седумката“ на Кристијано Роналдо, еве кој ќе ја носи!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација пред натпреварот од Лигата на нациите против Данска, иконскиот дрес со број 7 нема да остане празен на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.
Според официјалниот список на играчи и броеви објавен од УЕФА на денот на натпреварот, познатиот број 7 на репрезентацијата ќе го носи Рафаел Леао.
Заминувањето на 41-годишниот Роналдо од кампот на репрезентацијата имаше епилог во однос на прераспределбата на броевите, па честа да го преземе легендарниот број на претходниот капитен му припадна на крилниот напаѓач на Галатасарај.
🚨 𝗠𝗔𝗝𝗢𝗥 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Cristiano Ronaldo’s iconic number 7 has been given to Rafael Leão following Ronaldo’s departure from the National team. 🇵🇹
— @B24PT pic.twitter.com/Z4EnxiAbo7
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 1, 2026
За потсетување, Роналдо беше незадоволен од фактот што натпреварот против Норвешка го започна на клупата, а во второто полувреме, тренерот Жорже Жесус го испрати да се загрее, но не го внесе во играта.
Видливо фрустриран, Роналдо веднаш се упати кон соблекувалната по последниот свиреж, одбивајќи да остане на теренот со остатокот од тимот за да ги поздрави гостинските навивачи. Тој не тренираше со тимот во следните денови, а вчера, претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, свика кризен состанок, на кој присуствуваа и Роналдо и Хесус.
По состанокот, Роналдо објави порака на Инстаграм, го напушти својот хотел во Копенхаген и се упати кон аеродромот, со што неславно ја заврши својата меѓународна кариера.



